top of page

SUP тури

Се чувствувате уморни од секојдневието, сакате да уживате во нова авантура? Одберете дестинација, а останатото препуштете ни го нас. 

SUP тури погодни за секого, безразлика дали првпат застанувате на даска или сте напреден веслач.

SUP тури: Widget
DSC_0390.JPG

Велешко Езеро

Езерото Младост - Велешко нуди пријатна и мирна атмосфера погодна за SUP тури. Урбаниот пристап и прекрасната местоположба ветуваат прекрасни мигови како за почетници така и за понапредни авантуристи.  Едно од најпогодните локации за SUP тим билдинг активности. Пејзажната природа ги остава сите посетители без здив, а им нуди посебно задоволство на веслачите кои можат да ја доживеат и истражат околината од друг агол. Оваа понуда најчесто ја препорачуваме на почетници во двете дисциплини бидејќи има лесен пристап, езерото е доволно големо и мирно.

DSC03975.JPG

Езеро Треска

На само 15 мин одалеченост од Скопје, Езерото Треска претставува одличен избор за сите кои сакаат мирни води, SUP јога или едноставно да избегаат од монотонијата на секојдневието. Одлично е за дневни и попладневни обуки и тренинзи бидејќи е блиску до Скопје. Го препорачуваме како локација за SUP и Windsurf почетници, дел поради местположбата – дел поради мирните води.

DSC_0044.JPG

Кањон Матка

Кањонот Матка претставува место со одлична природа и поглед од вода. Условите за веслање на даска се солидни, и овозможуваат прекрасно уживање особено за оние кои веќе знаат да веслаат на даска. Иако станува збор за одличен предел, поради условите истиот не секогаш е препорачлив за некој кој за прв пат застанува на даска. Оваа понуда најчесто ја препорачуваме на луѓе кои веќе пробале SUP и можат комотно да уживаат додека веслаат.

DSC04245_edited.jpg

Охридски Езеро

Македонскиот бисер - едно од нашите најпознати и најголеми езера. Познато е по неговата чиста и прозирна вода, а локацијата помеѓу два планински масиви му дава свежина и идеално место за спас од летните пеколни горештини. На само два и пол часа одалеченост од Скопје претставува одлична, авантуристичка дестинација и за SUP веслачи и за едриличари!
Урбаната околина и прекрасната местоположба ветуваат прекрасни мигови како за почетници така и за понапредни авантуристи. Има можност и за остварување на не само еднодневни, туку и повеќедневни викенд-активности.

DSC_0072.JPG

Дојранско Езеро

Лоцирано е на југоисточниот дел на Македонија, на границата со Грција, езерото претставува туристички бисер во Источна Македонија. Поради својата мала површина и длабочина, водата во езерото е релативно топла. Идеално е за SUP и Windsurf активности и нуди можност за  јавни активности и настани, тури и маратони. Има можност и за остварување на не само еднодневни, туку и повеќедневни викенд-активности.

4939604.jpg

Преспанско Езеро

Преспанското Езеро се наоѓа во југозападниот дел од земјата и е едно од најтоплите наши езера. Езерото изобилува со долги песочни плажи, а самиот предел е поволен за SUP активности пред сè поради присуството на многу сончеви денови, еколошки чиста средина и бујна вегетација. Има можност и за остварување на не само еднодневни, туку и повеќедневни викенд-активности. Езерото е големо и има одлични услови кога станува збор за лесна пристапност до вода.

DSC_0154.JPG

Калиманско Езеро

Калиманското Езеро е едно од поинтересните локации каде може да се почувствува недопрената природа на Македонија. Ова место нуди одлични можности за SUP активности, неговата должина исто така е погодна и за реализирање на тури и трки. Најинтересниот дел за сите посетители е и островот Калата, кој се вели дека е остаток од рударски град. Оваа понуда ја препорачуваме за почетници, но и за оние кои се веќе добро запознаени со овие два спорта. Интимната атмосфера и живописната природа се погодни за SUP тим билдинг активности.

IMG_20141018_151542_edited.jpg

Тиквешко Езеро

Најдолгата вештачка водена кумулација во Македонија со најживописната природа се предуслови и гаранција за несекојдневна SUP авантура. Пејзажната природа ги остава сите посетители без здив, а им нуди посебно задоволство на веслачите кои можат да ја доживеат и истражат околината од друг агол. Езерото е големо и има одлични услови кога станува збор за лесна пристапност до вода.

Sv-Nikola-Mavrovo.jpg

Мавровско Езеро

Мавровското е вештачко езеро кое се наоѓа во северозападниот дел на Македонија, на 1200 метри надморска височина меѓу шумовити и високи планини. Во зимскиот период езерото најчесто замрзнува, но затоа во летниот период претставува исклучително живописно и пејзажно катче кое претставува прекрасен излез од градската бучава. Пристапот кон водата за почетници во веслањето на даска е одличен, како и преостанатите услови за целосно уживање. Оваа понуда ја препорачуваме за почетници, но и за оние кои се веќе добро запознаени со веслањето.

12141673_1654296241505273_5660650940279171468_n.jpg

Егејско Море

Егејското Море е идеална, атрактвна и авантуристичка дестинација за сите љубители на мирисот на морето и пријатната медитеранска клима. Затоа, организираме тури и активности во близина на Солун. Нуди можност за  јавни активности и настани, тури и маратони. Има можност и за остварување на не само еднодневни, туку и повеќедневни викенд-активности. Има поволни услови и за рекреативни, но и професионални тренинзи.

Нашиот тим е отворен за соработка и се прилагодуваме на потребите се со цел добра авантура и повеќе време на вода. За било какви информации, понуди или прашања, слободно контактирајте не.

SUP тури: Service
bottom of page