top of page

Биди дел од нашите авантури

Сакате да бидете во тек со најновите настани од областа на едрењето и SUP? Се двоумите каква опрема да набавите и по која цена? Сакате да внесете авантура ова лето? Имаме одговори на сите прашања! Со задоволство Ве информираме за можноста да станете член на Аква-Тера. Оваа единствена понуда за месечно членство ќе Ви овозможи бенефиции на кои тешко може да се одолее. За само 600 денари месечна чланарина ќе уживате привилегии и за телото и за духот, и тоа:

  1. Бесплатни часови на Вип пливачкиот базен на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ 

  2. 30% попуст на сите понуди на Аква-Тера;

  3. попусти при нарачка на SUP и Windsurf опрема;

  4. попусти за учество на натпреварувања и организирни тури;

  5. и за првото членство подарок чаша.

Покрај ова, навремено ќе Ве известуваме за сите настани кои ќе се одржуваат и ќе го поддржиме Вашиот спортски дух. Членовите ќе имаат прилика да развијат напредни техники во веслањето и сурфањето и колективно да ја искажат својата љубов кон водата и природата.


Најважно од сè, понудата вклучува едно бесценето искуство, дружба и запознавање со природите на Македонија.

Сите заинтересирани можат да нè контактираат на телефонските броеви +389 78 942 302 и +389 78 942 303 или да ни испратат мејл на aquaterra.mk@gmail.com.

Уплатата за членство потребно е да се изврши на жиро-сметка број: 210069950630126  НЛБ Тутунска банка, со назнака: Уплата за годишно членство.


НЕ СУРФАЈТЕ САМО НА ИНТЕРНЕТ :)

Членство: Homepage_about
bottom of page